Friday, February 12, 2010

mojot prv blog


William Glasser “Контролна теотија“
Control Theory, Harper/Row, 1985

Барем половина од учениците вложуваат мал или никаков напор во учењето, бидејќи тие неверуваат дека училиштето ги задоволува нивните потреби.Ако се отежне школувањето со зголемување на должината на училишната година или училишниот ден, со барање на повеќе курсеви по природни науки и математика – сето тоа нема да има влијание врз овие ученици. Само ќе ја зголеми разликата меѓу онаа половина ученици која што повеќе работи и онаа половина што не работи.
Обидот да се реши овој проблем со стимулирање на наставниците и учениците, со надеж дека тие ќе работат повеќе - без оглед на тоа дали она што им е зададено им носи задоволство или не, недава никакви или слаби резултати. Стимулус – реакција психологијата не функционирала, затоа што вистинската промена почнува одвнатре а не однадвор. За да се иницира ваквата промена мораме да го промениме самото училиште во кое што учениците ќе погледаат и ќе речат: “ Во ова училиште и со овие наставници јас ќе може да ги задоволам моите потреби само ако работам многу„.Ефикасноста во активностите со немотивираните ученици ќе се зголеми доколку се напушти моделот стимулус- реакција според која човековото однесување се предизвикува од надворешните настани . На пр. личноста застанува пред семафорот поради црвеност светло.
Напротив главната премиса на контролната теорија е дека целокупното човеково однесување е генерирано од она што настанува внатре во активната личност.Личноста според тоа не застанува поради црвеното светло туку поради тоа што си вели :“јас сакам да преживеам„. Ние од надворешниот свет добиваме информации. Потоа избираме како да се активираме на конкретната информација во правец за кој што веруваме дека е најдобар за нас.
Во добрите училишта половина од учениците работат бидејќи училишната работа ги задоволува . Значи може да се заклучи дека училиштето не ги задоволува потребите на другата половина. Старата теорија “можеме да ги натераме да учат , само треба да сме построги“ никогаш не дала резултати.
Потребите на учениците се оние истите како и кај возрасните луѓе. Ние сите сакаме да преживееме.На учениците не им е главна преокупација преживувањето затоа што тие веруваат дека ќе опстанат. Пораката од типот „ако не стекнеш добро образование, нема да можеш да направиштоа и тоа “ не активира вистински. Кај учениците приоритет над потребата за опстанок имаат потребите за љубов, моќ, слобода и забава.
Во текот на целиот наш живот ние сме во потрага по патишта за задоволување овие потреби.
Ако ученикот не наоѓа вистинска смисла во припаѓањето на училиштето, никаква смисла во чувствата како што се внимателност и грижливост, тој ќе придаде малку внимание на училшните предмети. Затоа тој ќе се ангажира во очајна потрага по пријателство и прифатеност. Дури ќе се однесува проблематично во надеж да привлече внимание.Потребата за моќ која е изразито игнорирана во училницата развива чувство на безначајност кај ученикот. Секој од нас би сакал да може да каже: “ некој ме

5 comments: